Лос Анџелес Лејкерси ја освоија титулата во НБА лигата, а за МВП во финалето беше прогласен Леброн Џејмс.
Заедно со одличниот Ентони Дејвис Леброн ги предводеше Лејкерси до титулата, а со оваа титула тој го изедначи достигнувањето на Мајкл Џордан.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Имено, Леброн стана само вториот играч во историјата на НБА кој четири пати бил прогласуван за МВП во финалната серија и исто толку во регуларната сезона.
За Леброн ова е четврта титула во кариерата. Претходно два пати ја освои титулата со Мајами и еднаш со Кливленд.
Во вчерашниот натпревар Леброн имаше учинок од 28 поени, 14 скокови и 10 асистенции.