Дома Фудбал ФОТО: Дресот на Барселона е предмет на исмејување на социјалните мрежи

ФОТО: Дресот на Барселона е предмет на исмејување на социјалните мрежи

Барселона на крајот на оваа сезона одлучи да го промени својот главен спонзор, па на предниот дел на дресот од овој клуб повеќе нема да пишува „Qatar Airways“, туку „Rakuten“.

Каталонскиот клуб пред дваесетина дена го претстави дресот во кој Барселона ќе игра на домашен терен, кој доби преодна оценка кај навивачите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, денеска во јавноста протекоа фотографии за третата гарнитура на дресови на Барселона, но тие фотографии ги разочараа навивачите на овој славен клуб.

Третиот дрес на Барса за кратко време стана предмет на исмејување на социјалните мрежи, а ниту навивачите на клубот не можеа да скријат дека се разочарани.

Тие најавија дека се надеваат дека нивниот сакан клуб следната сезона ќе одигра што помалку натпревари во овие дресови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвездата од 45 милиони евра го пропушта Европското првенство?

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:…