Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез сака ова лето да го доеде деофанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи, со цел да ја зајакне одбраната, која со заминуваето на Пепе е ослабена.
Меѓутоа, шпанските медиуми пишуваат дека за желбата на Перез отворено се побунил капитенот на тимот, Серхио Рамос.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ги освоивме шампионатот и ЛШ, јас сум капитенот кој подигна две титули во Европа во низа. Давав голови, можам да ја носам и деветката. Нашата одбрана е добра каква што е, не ни треба никој. Да се прашувам јас, не би променил ништо, но не одлучувам јас за тоа“, изјави Рамос.
Репрезентативецот на Шпанија има големо влијание во клубот, така да се очекува претседателот на клубот да ја послуша неговата желба.