Дома Македонски спорт Tричковски: Косово е минато, утре е нов меч и нов противник

Tричковски: Косово е минато, утре е нов меч и нов противник

Македонија утре ќе се соочи со Естонија, а пред тој натпревар покрај селекторот Игор Ангеловски на прес-конференцијата зборуваше еден од најискусните во нашите редови, Иван Тричковски.

Иван Тричковски кој во своот клуб игра во одлична голгетерска форма најави дека Македонија како и секогаш и против Естонија оди на победа. Косово е минато и пред нас се сега нови предизвици.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Тоа што го посакувавме го направивме – го победивме Косово и се пласиравме во финалето. Но, веќе тоа е минато, утре не чека нов натпревар, нов противник и се подготвивме за овој натпревар колку што можевме подобро. Целта и овој пат е иста, победа“, изјави Тричковски.

Македонија натпреварот во Талин против Естонците ќе го игра утре во 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…