Дома Трансфер зона Озил само под еден услов може да го напушти Арсенал

Озил само под еден услов може да го напушти Арсенал

Поранешниот германски репрезентативец, Месут Озил поминува низ лош период гледајќи од фудбалски аспект.

Имено, Арсенал не смета на Озил, клубот го покажа тоа и со тоа што не го пријави за настап во Лигата на Европа. „Топџиите“ сакаат со сите сили да се ослбодат од Озил на кого договорот му истекува на лето наредната година.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Со недели се преговара за раскинување на соработката, но во овој момент работите не се одвиваат според планот на Арсенал.

Озил кој неделно заработува 350.000 фунти сака Арсенал да му го исплати целиот износ од договорот, тоа е околу 13 милиони фунти. На такво нешто во Арсенал не се согласуваат.

Преговорите ќе продолжат, меѓутоа како што пишуваат островските медиуми тешко дека ќе дојде до договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…