Дома Фудбал Останато Поради едно правило Азар не потпишал за Тотенхем

Поради едно правило Азар не потпишал за Тотенхем

Еден Азар долги години со успех го носеше дресот на Челзи.

Белгиецот стана икона на тимот од „Стенфорд Бриџ“ за кој играше од 2012 до 2019 година кога премина во Реал Мадрид.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, легендарниот стратег Хари Реднап откри како во 2012 година Азар бил блиску до преминување во големиот ривал Тотенхем. Реднап тогаш ги водеше Спарсите и го изгубил Азар поради едно правило во Премиер лигата..

„Го изгубив Еден Азар. Му кажав дека сакам да дојде во Тотенхем и требаше само да избориме пласман во Лигата на шампионите на крајот од сезоната. Завршивме четврти, Челзи беше шести, но ја освои Лигата на шампионите. Поради тоа отиде во Челзи не кај нас“, изјави Реднап за „Скај Спорт“.

Азар за „сините“ одигра 352 натпревари и постигна 110 голови. Од минатата година тој е член на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед доаѓа од Серија А!

Како што пренесуваат италијанските и британските медиуми, Рубен Аморим ќе го напушти корми…