Дома Фудбал Суарез ја отвори душата: Плачев поради тоа што се случуваше

Суарез ја отвори душата: Плачев поради тоа што се случуваше

Луис Суарез за уругвајските медиуми проговори за последните денови од својот престој во Барселона.

Суарез иако изминатите години испиша историја во Барселона, сепак со доаѓањето на новиот тренер му беше кажано дека за него повеќе нема место и буквално беше избркан од „Камп Ноу“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Деновите до дебито за Атлетико Мадрид беа многу комплицирани. Плачев поради тоа што го поминав. Не ги прифатив добро пораките од клубот“, откри Суарез.

„Тие бараа решение за да го напуштам клубот. Особено начинот на кој тие го сторија тоа. Постојат работи што не ги знаеја. Тренирав, а дури и не играв 11 на 11 на тренинг“, додаде Уругваецот.

Тој исто така го коментираше потегот на Лео Меси кога се прости од него со емотивна порака на Инстаграм.

„Не бев изненаден што Меси ме поддржуваше јавно затоа што многу добро се познаваме. Тој знаеше за мојата болка низ која минував”, рече Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус има три начини да го задржи Влаховиќ

Душан Влаховиќ ќе може од зима да преговара со други клубови за својата иднина, бидејќи на…