Дома Фудбал Англија „Граѓаните“ слават: Наскоро важен потпис во Манчестер Сити

„Граѓаните“ слават: Наскоро важен потпис во Манчестер Сити

Играчот за врска на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн е блиску ди потпишување нов договор со клубот, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


 Преговорите постигнаа значителен напредок во последните денови и наскоро се очекува белгискиот репрезентативец да потпише со „граѓаните“ до 2025 година.

Актуелниот договор на Де Брујн истекува во 2023 година, но раководството сака да го продолжи и му нуди поголема плата на Белгиецот, односно 300.000 фунто неделни плус бонуси.

Преговорите со агентите на Де Брујн започнаа на крајот на минатата сезона. Се уште нема конечен договор, но постои желба за повторно потпишување од двете страни.

Кевин Де Брујн е само првиот на списокот играчи што Манчестер Сити сака да ги награди со нов договор за нивната лојалност во периодот кога на клубот му се закануваше исфрлање од Лигата на шампионите на две сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најголемо разочарување на првиот ден од Мундијалот – вакво нешто не се памети досега!

Првиот ден од Светското првенство 2026 донесе многу возбудувања на теренот, но и една слик…