Дома Фудбал Ако вечерва победиме во финалето играме против Грузија

Ако вечерва победиме во финалето играме против Грузија

Македонија за нешто помалку од еден час го игра натпреварот против Косово на Арената „Тодор Проески“, а патникот од другото полуфинале веќе е познат.

Репрезентациите на Грузија и Белорусија играа од 18:00 часот и во тој дуел подобра беше селекцијата на Грузија со минимални 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Окриашвили од пенал во 7. минута.

Грузија ни е добро позната селекција од новиот циклус на Лигата на Нации бидејќи неодамна кај нив на гости одигравме 1:1, a покрај тоа ќе играме и уште еден натпревар на 14. ти овој месец, во тој дуел ние ќе бидеме домаќини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кака во солзи на „Сан Сиро“: Милан му приреди вечер за паметење (Видео)

Бразилската легенда влезе во Куќата на славните на Милан, а потоа ја проследи победата од …