Дома Фудбал Останато Здравко Мамиќ влегува во клуб во Србија?!

Здравко Мамиќ влегува во клуб во Србија?!

Според пишувањето на српските медиуми долгогодишниот алфа и омега во Динамо Загреб, Здравко Мамиќ е блиску до превземање на ТСЦ од Бачка Топола.

ТСЦ е еден најмладите клубови кои се натпреваруваат во Суперлигатан а Србија и кој ова лето во својот премиерен настап на евро сцената во спектакуларен меч испадна после 12 голови во 120 минути.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Здравко Мамиќ и претходно изјавуваше дека нема проблем да работи во клуб во Србија.

„Немам никаква причина утре да не работам во Звезда или Партизан бидејќи за мене тоа се институции. Тоа сигурно би била привлегија за мене, казна сигурно не би била. Би бил горд на тоа иако знам дека ќе имам проблеми“, изјави Мамиќ во едно интервју во август, а откри и дека на слична тема разговарал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Се сретнав со Вучиќ на кратко во Мостар минатата година и се поздравивме. Ми честиташе на успесите со Динамо и ме праша: Кога ќе дојдеш во мојата Звезда?“, истакна Мамиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Левандовски за максимален учинок на Барса🎥

Барселона потешко од очекуваното стигна до победа против Гетафе за седма победа во Ла Лига…