Дома Фудбал Списокот се шири: И Мурињо обвинет за даночна измама!

Списокот се шири: И Мурињо обвинет за даночна измама!

Шпанското обвинителство соопшти дека отворило случај против тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо за даночна измама во 2011 и 2012 година, кога беше тренер на Реал Мадрид.

„Специјалниот“ е обвинет дека ја измамил шпанската даночна управа за 3,3 милиони евра, за неплаќање данок на приход во 2011 и 2012 година. Според соопштението на Обвинителството, случајот на Мурињо бил веќе предаден пред локалниот суд во Мадрид.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Обвинителите тврдат дека португалскиот тренер, додека работел во Шпанија, не ги пријавил приходите што ги остварувал од користење негова фотографија во рекламни и пропагандни цели.

Мурињо не е првиот во овој спорт кој има проблеми со шпанските даночни власти и со обвинителството. Минатата недела беше обвинет и Кристиано Роналдо, дека извршил даночна измама од 14, 7 милиони евра. Претходно судот веќе ги осуди Лионел Меси и Хавиер Маскерано за исти кривични дела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го сака промашувањето на Баерн Минхен

Баерн Минхен имаше големи планови со Жоао Пальиња (30) кога го доведе пред една година од …