Дома Фудбал Конечно малку добри вести од Џенова: Нема нови позитивни на Ковид-19

Конечно малку добри вести од Џенова: Нема нови позитивни на Ковид-19

Џенова во претходната недела изброја 22 позитивни случаи на коронавирус од кои 17 беа фудбалери и поради тоа се одложи натпреварот против Торино.

За среќа македонскиот капитен Горан Пандев не беше помеѓу заразените и успеа да допатува во Скопје за натпреварот против Косово кој ќе се игра во четврток.

Денес од клубот пристигнуваат добри вести – во клубот нема нови заразени.

„Џенова информира дека на последните тестови нема нови позитивни на Ковид-19 помеѓу фудбалерите и членовите на стручниот штаб“, стои во соопштението.

Натпреварот на Џенова со Торино за викендот беше одложен, а сега следи репрезентативната пауза, тоа е добро за клубот затоа што дел од заразените би можеле да се опорават ов вирусот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Митрески предлага дуел со Русија, но договорен натпревар нема

Игор Митрески сака враќање на Русија во меѓународниот фудбал и предлага пријателска средба…