Дома Фудбал Фуриозен старт, скромен крај: Барселона и Севиља ги поделија бодовите ?

Фуриозен старт, скромен крај: Барселона и Севиља ги поделија бодовите ?

Барселона вечерва ја пречека Севиља во натпревар од 4. коло во шпанската Ла Лига и оваа средба заврши со поделба на бодовите 1:1.

Барса добро ја започна сезоната под водство на Роналд Куман, но Севиља традиционално е за нив незгоден противник.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


После само седум минути игра Лук Де Јонг ја погоди мрежата на каталонци и го доведе тимот од Андалузија во водство, но славјето не траеше долго. Веќе две минути подоцна Кутињо го изедначи резултатот. Тогаш изгледаше дека ќе гледаме дуел со многу голови, но не беше така, ситуацијата се смири.

Гризман пропушти добра прилика, Пике за малку ќе си дадеше автогол и во главно тоа беа најголемите прилики кои ги видовме до крајот, остана 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски: Ова е тежок пораз кој боли

Селекторот Гоце Седлоски го анализираше натпреварот против Данска кој го загуби Македонија…