Дома Фудбал Англија Абрахам сакаше да изведе пенал, Жоргињо и Аспиликуета не му дозволија

Абрахам сакаше да изведе пенал, Жоргињо и Аспиликуета не му дозволија

Фудбалерите на Челзи денес на свој терен го совладаа Кристал Палас со 4:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Сините“ го разбија противникот во второто полувреме кога постигнаа четири гола, а на два пати од пенал прецизен беше Жоргињо.

Посебно внимание привлече вториот пенал во финишот од натпреварот. Жоргињо четири минути претходно погоди за 3:0 од пенал, а вториот пенал сакаше да го изведе Томи Абрахам.

Меѓутоа Жоргињо не сакаше да му го препушти и тоа малку го налути Абрахам. Дека Жоргињо има право така да постапи на Абрахам му објасни и капитенот Аспиликуета кој  му ја зема топката и му ја даде на Жоргињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вардар ја прегази Валнерина во Италија

Македонскиот шампион Вардар успешно ја продолжува подготовката во Италија, откако убедливо…