Сенегалскиот репрезентативец Садио Мане е позитивен на коронавирусот, па Ливерпул некое време нема да може да смета на неговите услуги.
„Црвените“ кои ја бранат титулата сезоната ја отворија со три победи и сакаат да ја продолжат одличната серија, но на другата страна ги чека Вила која исто така добро влезе во сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Проблем за Клоп ќе биде неиграњето на Мане кој ќе биде отустен поради висурот. Сепак, тука е засилувањето од Вулвс Диого Жота кој веќе го постигна деби голот.
Се очекува Португалецот да игра од првата минута, а Мане би требало да се врати дури за 14 дена. Со оглед дека следи репрезентативната пауза тој би требало да биде спремен за градското дерби против Евертон.
Сенегал без Мане ќе ги игра натпреварите против Мароко и Мавританија.