На хаосот во Џенова како да нема крај.
Од ден во ден клубот потврдува нови случаи на коронавирус, вчера имаше нови три, денес уште толку. Новите позитивни случаи во Џенова се Кришито, Бираски и Малес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со ова Џенова стигна до бројката од 22 (17 фудбалери) случаи во клубот со што стана вториот клуб во светот со најмногу заразени од коронавирус, само Бока имаше повеќе (24).
Во клубот секојдневно има тестирања поради големиот број случаи, добро е што Пандев е помеѓу оние малкумина кои не се позитивни, меѓутоа и така се појави проблем за неговото доаѓање во Скопје за натпреварот против Косово. Како и да е се ќе биде јасно во тој поглед денес кога селекторот Игор Ангеловски треба да го објави списокот на повикани играчи.
Genoa FC made official 3 more coronavirus cases, bringing total to 22.
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) October 3, 2020
It’s the second club with highest number of cases in the world, after Boca with 24