Во последните денови од преодниот рок Милан ќе добие уште едно засилување.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ново засилување за „росонерите“ ќе биде фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Диого Далот кој во Милано ќе пристигне како позајмен играч.
Далот ќе пристигне на позајмица ,а Милан ќе нема право на откуп на неговиот договорот, по крајот на позајмицата Португалецот ќе се врати во Јунајтед во јуни следната година.
Денес се очекува Далот да пристигне во Милано, а утре би требало да следуваат медицинските прегледи и потписот на договорот.
Во Јунајтед Далот не беше опција за Солскјер кој повеќе шанса им даваше на Арон Ван Бисака и Тимоти Фосу Менза кои ќе останат десни бекови во Јунајтед во новата сезона.