Дома Трансфер зона Италијанскиот гигант ќе ја спасува кариерата на Насри

Италијанскиот гигант ќе ја спасува кариерата на Насри

Франускиот фудбалер, Самир Насри кариерата би можел да ја продолжи во редовите на италијанскиот гигант Милан.

Фудбалерот на Манчестер Сити не се прослави на позајмицата во Севиља минатата сезона, па сега ќе мора да бара нов клуб. Иако одлично ја започна епизодата во Андалузија, многу брзо следуваше пад на формата, па меѓувреме се загуби во тимот на Хорхе Сампаоли.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Шпанскиот клуб одлучи да не ја користи клаузулата за купување, додека Пеп Гвардила не смета на него на „Етихад“. Претходната недела се шпекулираше дека за него се заинтересирани Фенербахче, Галатасарај и кинескиот Шангај Шенхуа, но сега се приклучи и Милан.

Насри има 29 години, кариерата ја започна во Олимпик Марсеј, а пред Сити играше три години за Арсенал. Има 41 настап и пет гола за Франција, но за репрезентацијата не настапи уште од 2013. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…