Дома Топ вести По сите шпекулации во врска со Роналдо се огласи и Перез

По сите шпекулации во врска со Роналдо се огласи и Перез

Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид изјави за медиумите дека првата ѕвезда на неговиот тим, Кристиано Роналдо, е многу лут поради скандалот за наводното неплаќање на данокот, но и дека сепак нема да го напушти клубот.

„Тој е играч на Реал Мадрид и тоа ќе остане така. Не разговарав се уште со Кристиано, но знам дека во Шпанија луѓето секогаш не го добиваат третманот што го заслужуваат, така да целосно го разбирам неговиот гнев. Чекам да се врати од Купот на Конфедерациите и да разговараме. Разумно е што е лут, но ќе го решиме тоа“, изјави првиот човек на „кралскиот“ клуб.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Роналдо минатата есен го продолжи договорот со Реал до 30. јуни 2021. година, во која откупната клаузула изнесува дури милијарда евра, пишува британскиот „Telegraph“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…