Дома Фудбал Удар за Зидан, тешка повреда на Карвахал

Удар за Зидан, тешка повреда на Карвахал

Нема крај на проблемите на Зинедин Зидан со повредени фудбалери, после Азар повреда заработи и Дани Карвахал.

Според „Марка“, која е добро информирана за случувањата во Реал Мадрид, Карвахал ќе отсуствува од терените во следните два месеци.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Шпанскиот репрезентативец го повреди коленото на денешниот тренинг, а лекарските прегледи покажаа оштетување на лигаментите.

Карвахал го пропушти и последниот меч пред два дена против Ваљадолид, а на негово место играше Алваро Одриазола.

Карвахал ќе отсуствува два месеци од терените и ќе го пропушти и првото Ел Класико оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим има катастрофална статистика во Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед иако вложи огромни средства во нови фудбалери ова лето, влезе во новата…