Според информациите кои доаѓаат од Италија, Интер и Парма ги завршиле преговорите и на „Џузепе Меаца“ ќе пристигне Матео Дармијан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Интер за Дармијан ќе плати сума од 2.5 милиони евра. Сега преостанува да се завршат само медицинските прегледи и Интер да го претстави новото засилување, барем така тврдат Италијанците.
Доаѓањето на Дармијан веројатно ќе го активира трансферот на Ранокија во Џенова. Конте не смета на него и тој ќе може да си замине, а Џенова интерес за него покажува веќе подолго време.
Покрај Парма, Дармија во кариерата го носеше дресот на Милан, Палермо и Торино во Италија, но виде и како е да се игра во Премиер Лигата и тоа во дресот на Манчестер Јунајтед.