Дома Трансфер зона Дест: Не дојдов во Барса за Меси

Дест: Не дојдов во Барса за Меси

Младиот американски фудбалер Сержињо Дест денес беше претставен како ново засилување на Барселона.

Дест во Барселона дојде од Ајакс и потпиша договор на пет години. Барселона за овој трансфер плати 20 милиони евра, а во Дест Каталонците гледаат долгорочно решение на позицијата лев бек.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Долго време Дест се поврзуваше и со Баерн, но кога стигнала понудата од Барселона работите се промениле. Преговорите не траеа долго, сега Дест објасни зошто ја избрал Барселона.

„Ја избрав Барселона затоа што имаат тренер од Холандија, а исто така неодамна ги напушти еден лев бек. Едноставно имав чувство дека овде ќе играм повеќе. Куман знае што можам да играм и важно ми е што тој верува во мене. Тука не сум поради Меси, но сигурно дека ќе биде убаво да се игра со него“, изјави Дест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…