Дома Фудбал Клоп потврди дека Ливерпул ќе игра со резервите против Арсенал

Клоп потврди дека Ливерпул ќе игра со резервите против Арсенал

Ливерпул готово сигурно ќе игра со резервниот тим вечерва против Арсенал во Лига Купот, но ќе даде се од себе да победи.

Ова стана јасно од зборовите  на Јирген Клоп на пресконференцијата, кој мора да донесе ваква одлука, бидејќи за 72 часа повторно ќе игра натпревар против Астон Вила.

„Сакаме да го победиме овој меч со играчите кои ги имам на располагање. Не можеме да ги игнорираме околностите. Ќе мораме да направиме некои промени во тимот, иако јас мразам да кажам дека некои играчи се поважни од други. Не станува збор дека не му даваме значење на овој Куп, но морам да донесам вакви одлуки“.

„За секој меч имам на располагање 20 фудбалери кои се доволно добри за да играат. Ќе дадеме се од себе за да победиме. Ќе има промени во тимот, но ќе се обидеме“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бек, а одигра како гол-машина: Хакими со хет-трик и две асистенции за ПСЖ!

Ашраф Хакими учествуваше во сите пет гола во победата над Ле Авр од 5:1 и го запиша првиот…