Дома Трансфер зона Милан го сака дефанзивецот на Реал Мадрид

Милан го сака дефанзивецот на Реал Мадрид

Директорот на Милан, Паоло Малдини потврди дека клубот работи на засилување на одбраната.

Прва мета на „росонерите“ е Никола Миленковиќ од Фиорентина, но двата клуба никако не можат да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан е спремен да плати 27 милиони евра за српскиот стопер, додека Фиорентина бара најмалку 35 милиони евра за слободата на Миленковиќ.

Сега Милан ќе се насочи кон дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо, пренесуваат италијанските медиуми.

Начо е на излезна врата од „Сантиаго Бернабеу“, а Милан и Реал Мадрид имаат одлични односи што се покажа за трансферите на Тео Хернандес и Брахим Дијаз.

Двата клуба би можеле да го договорат трансферот на едногодишна позајмица со право на откуп за 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дефанзивецот на Јувентус го руши рекордот на Недвед и заминува?

Дефанзивецот Алекс Сандро по долги години би можел да го напушти Јувентус. Некогаш еден од…