Дома Фудбал Англија Агентот на Ван де Бек: Недозволиво е да биде резерва во ваков Јунајтед

Агентот на Ван де Бек: Недозволиво е да биде резерва во ваков Јунајтед

Менаџерот на фудбалерот на Манчестер Јунајтед Дони ван де Бек, жестоко реагираше бидејќи неговиот клиент беше резерва на мечот со Брајтон.

Холанѓанецот пристигна како големо засилување на „Олд Трафорд“, но беше на клупата за резерви на мечот кој Јунајтед го доби со пенал во последната минута.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Тој да биде резерва? Тоа не ми се допаѓа. Искрено не би го трпел тоа да сум на неговото место. Да влегувам во игра на четири минути до крајот на мечот? Нема шанси“, изјави Сварт.

Од доаѓањето во Јунајтед Ван де Бек одигра само 23 минути во Премиер лигата.

„Иако малку беше на теренот успеа да направи три добри работи, што е многу повеќе од повеќето играчи во тимот. Извлече пенал кој ѝ претходеше на победата. Во нормални околности Брајтон требаше да го прегази тој Јунајтед со 7:1. Манчестер Јунајтед имаат добар тим но такви работе не треба да им се случуваат“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…