Челзи минатиот викенд на гостувањето кај Славен Билиќ и ВБА губеше со 3:0 на полувремето и на крај успеа да се спаси од пораз. Натпреварот на крја заврши 3:3.
Еден од најлошите во првите 45 минути беше Шпанецот Маркос Алонсо кого Френк Лампард го остави на клупа на полувремето, но тој направил нешто што ги разбеснило луѓето во лондонскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што објавија англиските медиуми Алонсо си заминал веднаш на полувремето и не го гледал второто полувреме во кое за малку неговите соиграчи не направија чудо.
Лампард според информациите веднаш реагирал и му порачал на Алонсо дека мора да се извини за она што го направил. Дури се тврди дека и дека стратегот на Челзи побарал ако е можно клубот да го продаде во овој преоден рок кој е отворен до 5. октомври.