Фудбалерите на Ливерпул остварија победа во 3.коло од Премиер лигата против Арсенал со 3:1.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Домашната екипа беше фаворит во натпреварот, а на крајот заслужено стигнаа до победата. Од првата минута Ливерпул беше подобар на теренот, но во 25. минута следуваше шок за „црвените“ затоа што Арсенал дојде до водство.
Беше тоа прв удар на гостите кон голот, стрелец беше Лаказете после големата грешка на РОбертсон кој лошо интервенираше.
Само три минути подоцна домашната екипа изедначи, гол постигна Мане. Веќе во 34. минута Ливерпул го сврте резултатот во своја корист. Робертсон остана сам и го матираше Лено.
Во второто полувреме најдобрата шанса за изедначување ја имаше Лаказет кој излезе сам пред Алисон, но не успеа да го совлада.
Конечниот резултат во 88. минута го постави Жота кој во игра влезе десетина минути претходно на местото на Мане. Ливерпул со оваа победа дојде до втората позиција, додека Арсенал падна на петтата позиција со шест освоени бодови.