Дома Фудбал Англија Клоп тврди: Завршивме со засилувањата

Клоп тврди: Завршивме со засилувањата

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп тврди дека завршил со засилувања за следната сезона.

Клубот во овој преоден рок ги донесе Тиаго Алкантара, Диго Жота и Костас Цимикас и Клоп смета дека тимот е дволно засилен за новата сезона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во моментов Германецот има проблеми во одбраната, па мора Фабињо принудно да игра како стопер бидејќи Матип и Гомес се повредени.

„Не очекувам нови засилувања. Имеме добра длабочина во одбраната, имаме тројца дефанзивци од највисоко ниво. Фабињо исто така може да игра на таа позиција“, истакна Клоп.

„Тројца играчи се повредија во само неколку дена, но не сметам дека има потреба од трансфери. Ние немаме потреба повеќе од трансфери и за нас преодниот рок е завршен. Не знам што ќе се случи кога се во прашање излезните трансфери. Ќе видиме“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бастони на чекор од трансфер, ги прифатил сите услови!

Стоперот на Интер, Алесандро Бастони, ги прифати сите услови што му ги понуди Барселона и …