Дома Трансфер зона Милан и Интер ја сакаат ѕвездата на Шалке

Милан и Интер ја сакаат ѕвездата на Шалке

Миланските гиганти Интер и Милан се заинтересирани за дефанзивецот на Шалке и турски репрезентативец Озан Кабак.

Турскиот репрезентативец важи за еден од најперспективните во Европа, има само 20 години, а минатото лето се пресели во Шалке за сума од 15 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оваа сезона одигра 29 меча и постигна 3 гола, а Шалке за неговата слобода бара 25 милиони евра.

Интер преговара со Тотенхем и доколку го продаде Скриниар во Кабак гледа идеална замена, па веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Милан е во потрага по квалитетен дефанзивец и откако пропаднаа преговорите со Фиорентина за Миленковиќ, сега се сврти кон Озан Кабак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дали засилувањето на Ливерпул од 85 милиони евра најави заминување со последниот потег?

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез е честа мета на критики во јавноста поради големиот бр…