Дома Фудбал Рамос: Некогаш судиите ни помагаат, некогаш ни одмагаат, тоа е фудбалот

Рамос: Некогаш судиите ни помагаат, некогаш ни одмагаат, тоа е фудбалот

Синоќа во натпревар од 3. коло во шпанската Ла Лига Бетис беше поразен од Реал Мадрид со 2:3.

Домашниот тим одигра одличен натпревар и на полувреме имаше водство од 2:1, но на крајот Кралевите направија пресврт и стигнаа до победата.

Фудбалерите на Бетис но и целата фудбалска јавност беа незадоволни од арбитражата на судиите, поради неколку контроверзни ситуации.

После натпреварот свој коментар даде капитенот на Реал и стрелецот на голот за победа Серхио Рамос.

„Некогаш судиите ни помагаат, некогаш ни одмагаат, тоа е фудбалот.“ – рече Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…