Денес се играа натпревари од 2. коло во германската Бундеслига.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Најголемото изненадување го приреди Аугусбург кој на свој терен славеше со 2:0 против Борусија Дортмунд која за четири дена игра против Баерн во натпреварот за Суперкупот на Германија.
Аугусбург поведе во 40 минута со голот на Удокаи, за во 54 минута Калигури да ги постави конечните 2:0.
Мајнц против Штутгарт поведе со 1:0 преку Куаисон во 13 минута, но на крајот изгуби со 4:1. Головите за Штутгарт ги постигнаа Вамангитука, Дидави, Климович и Калајѓиќ.
Арминија во Бенефилд со голот на Едмундсон го совлада Келн (1:0), додека Унион Берлин изненади во Менхенгладбах одигрувајќи 1:1. Со истиот резултат заврши и дербито помеѓу Баер и Лајпциг.