Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси јавно го критикуваше раководството на клубот на заминувањето на Луис Суарез.
Веднаш откако дојде Куман на кормилото на Барселона му порача на Уругваецот да си бара нов клуб, а тоа воопшто не му се допадна на Меси.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Не заслужи да биде исфрлен на начинот на кој тие го направија тоа. Вистината е, во овој момент, јас дури и не сум изненаден од нивните постапки. Ти посакувам се најдобро во иднина“, порача Меси.
Аргентинецот доби голема поддршка од неговите поранешни соиграчи. Се огласија Нејмар, Дани Алвеш, Цеск Фабрегас, а се огласи и поранешниот египетски фудбалер Мидо.
Тој работеше со Куман во Ајакс и на своја кожа почувствува што значи одмаздата на холандскиот тренер.
„Би сакал да ја видам реакцијата на Роналд Куман на она што Меси го рече денес во збогувањето со Луис Суарез. Куман ме „масакрираше“ и ме замоли да го напуштам Ајакс кога искрено зборував во јавноста за тимот, иако имав само 18 години. Секако, не се споредувам со Меси, но ова е многу интересно“, рече Мидо.
I wld love to see @RonaldKoeman reaction to what Messi said today regarding @LuisSuarez9 Koeman insisted that I had to leave #ajax when I said my honest opinion about the team in public even that I was only 18!! Of course I’m not comparing myself to #Messi but its interesting!!
— Mido (@midoahm) September 25, 2020