Дома Фудбал Англија Бејл: Нека им служи на чест на оние кои ми правеа лошо

Бејл: Нека им служи на чест на оние кои ми правеа лошо

Велшкиот репрезентативец Герет Бејл пред една недела и официјално се врати во редовите на Тотенхем.

Бејл се врати во Тотенхем после времето поминато во Реал Мадрид. Сигурно дека Бејл имаше убави моменти во Мадрид меѓутоа во последно време констатно беше мета на критики од навивачите и јавноста.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега во интервју за „Скај Спорт“ Бејл порача дека не жали што заминал од Реал.

„После се што се случи не жалам за ништо. Сите лоши работи што ми беа кажани или направени нека им служат на чест на оние кои се виновни за тоа. За мене најважно е да бидам чист пред себе и пред семејството. Она што ќе го мислат останатите не ме интересира“.

„Поубаво ќе беше првиот натпревар за Тотенхем да го играв пред навивачите затоа што забележав дека тие се среќни што се вратив, но сега таква е ситуацијата и не можеме ништо да направиме“, изјави Бејл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…