Дома Трансфер зона Лампард во Челзи „отпишал“ двајца „недопирливи“

Лампард во Челзи „отпишал“ двајца „недопирливи“

Френк Лампард „отпишал“ некои играчи кои беа недопирливи.

Двајца стандардни би можеле да заминат од Челзи. Вчера Челзи го официјализираше трансферот на голманот Менди, а тоа значи дека Кепа кој и оваа сезона лошо ја започна би можел да замине.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кепа би можел да прифати позајмица во Шпанија, а од Италија наводно понуда испратила Рома. Не е невозможно и Лампард да го продаде до крајот на преодниот рок со цел клубот да „спаси“ дел од вложените 80 милиони евра.

Кепа е најскап голман на сите времиња, а до доаѓањето на Хаверц беше и најскап играч во историјата на Челзи.

Освен него местото во тимот го изгуби и Рудигер. Германскиот репрезентативец не беше во комбинација за претходните натпревари, има две солуции. Една е ПСЖ кој би го довел со опција за откуп на крајот на сезоната, а друга е заминување кај поранешниот тренер Конте, во случај Интер да го продаде Скриниар. Рудигер во Челзи е дури петти во ротацијата, сигурни се Тијаго Силва, Зума и Кристенсен, а ако Германецот замине Томори останува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …