Дома Фудбал Англија Синот на најпознатиот изведувач на аути во Премиер лигата дебитира за Манчестер Сити

Синот на најпознатиот изведувач на аути во Премиер лигата дебитира за Манчестер Сити

Рори Делап сигурно е најпозаниот изведувач на аути во Премиер лигата. Поранешниот играч на Стоук сега добива во буквална смисла негов наследник во англискиот фудбал.

Во натпреварот од Карбао Купот во кој Манчестер Сити ќе игра против Бурнемоут шанса за настап ќе има неговиот син, Лиам Делап.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лиам беше на клупата и во натпреварот против Вулверхемптон во Премиер лигата, но не настапи. Сепак, во Лига Купот се очекуваат поголеми ротации во тимот на Сити, па многу веројатно Лиам Делап ќе биде помеѓу младите играчи кои ќе добијат шанса.

Тој во Манчестер Сити пристигна минатата сезона од Дерби Каунти, а веќе некое време Лиам тренира со првиот тим на „граѓани“ и од она што може да се прочита во медиумите спремен е за деби настап во синиот дрес.

Кога е неговиот татко во прашање тој во 2013 година објави крај на кариерата во која најмногу се задржа во редовите на Стоук и Дерби Каунти. Во продолжение потсетете на она по што тој беше најпознат, неверојатните аути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…