Македонската женска репрезентација загуби со 0:7 (0:3) од апсолутниот фаворит Франција во натпревар од квалификациите за Европското првенство.
Нашата репрезентација го запиша петтиот пораз во групата во која имаме победа против Казахстан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Французинките доминираа во текот на 90. минути на Националната арена. Го отворија резултатот во 15. минута кога Ле Сомер првпат ја погоди мрежата на Панчурова. Три минути подоцна Ле Сомер беше прецизна од пенал за 2:0, а во 21. минута Катато реализираше за убедливи 3:0.
По пет минути игра во второто полувреме, Де Алмеида зголеми на 4:0, а со удар од далечина Торент го постигна петтиот гол за Франција. Асеји со гол од белата точка го даде шестиот погодок во нашата мрежа. Конечниот резултат беше постигнат во судиското надополнување, Де Алмеида беше прецизна за 0:7. За нашата селекција до крајот од квалификациите остануваат уште еден натпревар против Франција и ноемврискиот против Казахстан.
Фото: ФФМ