Дома Кошарка Бостон не се предава, се врати со победа над Мајами

Бостон не се предава, се врати со победа над Мајами

Кошаркарите на Бостон го совладаа Мајами со 117:106 во третиот натпревар и намалија на 2:1 во финалната серија од Источната конференција.

Селтикс водеа буквално од почетокот до крајот, Мајами во ниту еден момент немаше предност во натпреварот. Бостон во текот на последниот период имаше и водство од 20 поени разлика, а конечниот резултат гласеше 117:106.

Џејлон Браун постигна 26 поени, а Џејсон Тејтум додаде 26 и 14 скока. Кемба Вокер и Маркус Смарт се истакнаа со 21, односно 20 поени, а Гордон Хејворд се врати откако беше отсутен повеќе од еден месец поради проблем со глуждот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Волф ја реши драмата со ТФТ, Тиквеш ја прекина серијата порази

Тиквеш славеше со 77-74 во Кавадарци и по три порази повторно се радуваше во Суперлигата. …