Дома Фудбал Уживање е да се гледаат натпреварите на Лидс во ПЛ сезонава! ?

Уживање е да се гледаат натпреварите на Лидс во ПЛ сезонава! ?

Oдличен натпревар денес во Премиер лигата одиграа Лидс и Фулам во рамките од второто коло.

Лидс го победи Фулам со 4:3. Уште во петтата минута Лидс дојде до водство од 1:0, а стрелец беше Коста. Митровиќ од белата точка донесе изедначување за Фулам во 34. Минута. До крајот на полувремето видовме и уште еден гол, а го постигна Кич исто така од белата точка. Така домаќинот со предност замина на одмор.

Во второто полувреме веќе до 57. минута Лидс водеше со 4:1. Прво во 50 минута гол постигна Бамфорд за потоа Коста да го постигне вториот гол. Меѓутоа само 10 минути подоцна на семафорот стоеше 4:3. Погодуваа Рид и Митровиќ уште еднаш.

Фулам сепак до крајот немаше сила да стигне до бод или нешто повеќе.

Македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски одигра 20-тина минути откако во игра влезе во 70. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…