Дома Трансфер зона Потврден трансферот на Жота во Ливерпул!

Потврден трансферот на Жота во Ливерпул!

Веста за трансферот на Диого Жота во Ливерпул ја потврди и менаџерот на Вулверхемптон, Нуно Еспорито Сантос кој порача дека Жота оди на вистинско место.

Диого Жота преминува во Ливерпул во трансфер вреден веројатно 43 милиони евра, во зделката е вклучен и Ки-Џен Хавер кој од Ливерпул оди во Вулвс.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нуно Еспирито Санто изјави дека Жота не играл во мечот од Лига купот кој Вулвси го загубија од Стоу токму затоа што се очекувало трансферот да биде завршен.

„Прво би сакал да им се извинам на навивачите за она што се случи во четвртокот, но некогаш некои информации мораш да ги задржиш за себе“.

„Диого е одличен играч и тоа сите добро го знаете. Три сезони беше фантастичен тука. Работите треба да се случуваат кога природно ќе им дојде време. Мислам дека оди на вистинско место и ние и навивачите никогаш нема да заборавиме што направи за нас“, изјави португалскиот менаџер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…