Првиот натпревар во новата сезона во Премиер лигата Манчестер Сити ќе го одигра во понеделник против Вулверхемптон.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пред натпреварот против Вулвс за Манчестер Сити пристигнуваат лошо вести. Имено, Пеп Гвардиола за островските медиуми потврди дека најдобриот стрелец во историјата на клубот, Серхио Агуеро ќе биде надвор од терените уште некое време.
„Знаевме дека повредата е сериозна. Работи на опоравувањето, мора да се врати во форма. Долго е отсутен и не е од оние играчи кои брзо се опоравуваат. Мислам дека ќе биде спремен за еден до два месеци“, изјави Гвардиола.
Ќе потсетиме, Агуеро се повреди на 22 јуни во натпреварот против Барнли. Веднаш му беше направена операција на коленото. Се претпоставуваше дека ќе биде спремен за отварањето на новата сезона, сепак тие прогнози не се покажаа како точни.