Дома Фудбал Германија СТРАШЕН БАЕРН: Шалке си доби „осумка“! ?

СТРАШЕН БАЕРН: Шалке си доби „осумка“! ?

Баерн Минхен каде што застана на крајот на минатата сезона таму продолжи во новата.

Баварците денес го торпедираа Шалке и во првото коло славеа победа од огромни 8:0. Катастрофата за Шалке започна уште во четвртата минута кога Серж Гнабри го отвори резултатот. За нов гол се чекаше до 19 минута кога Горецка зголеми на 2:0. Дека Шалке нема што да бара вечерва стана јасно после половина час игра кога Роберт Левандовски од пенал погоди за 3:0.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Само што почна второто полувреме, после две минути Гнабри го постигнува својот втор гол на натпреварот, а десетина подоцна веќе запиша и хет-трик.

Во 70. и 71. минута следуваа два брзи гола на Милер и Лерој Сане. Не задоволија домаќините ниту со седумката, конечните 8:0 ги постави Мусиала во 81. минута.

Каков старт, машинеријата на Флик продолжува да гази и во оваа сезона!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Moдриќ е роден победник: Директорот на Милан откри што било првото прашање од Хрватот при преговорите

Трансферот на хрватскиот ветеран, Лука Модриќ, во тимот на италијанскиот гигант Милан на к…