Дома Фудбал Останато Бејл дебитира во Скопје, на Арената првпат дресот на „петлите“ ќе го облече и уште едно големо засилување!

Бејл дебитира во Скопје, на Арената првпат дресот на „петлите“ ќе го облече и уште едно големо засилување!

Шкендија вчера го елиминираше Ботошани и така обезбеди место во третото квалификациско коло од Лигата Европа каде што ќе игра против големиот Тотенхем.

Овие денови (за ден – два) Тотенхем би требало да го комплетира и да ги заврши сите формалности околу враќањето на Герет Бејл во клубот после седум години. Натпревар против Тотенхем секако е голема работа, а тој би можел да биде уште поважен затоа што многу е веројатно дека Бејл второто деби за Тотенхем ќе го има токму во Скопје против Шкендија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Покрај него во Скопје би требало да се појави и левиот бек Серхио Регулион. Најголема штета е што овој натпревар ќе се игра без публика па македонската спортска јавност нема да има можност во живо да ги види големи ѕвезди на англискиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

После Де Брујне и Хојлунд, Наполи носи нова ѕвезда од Премиер Лигата

Наполи, под раководство на Антонио Конте, сериозно се насочи кон засилување на десната стр…