Дома Трансфер зона Мурињо пронашол мета за партнер на Кејн, но 50 милиони евра не се доволни

Мурињо пронашол мета за партнер на Кејн, но 50 милиони евра не се доволни

Жозе Мурињо е одлучен во намерата да пронајде уште еден врвен напаѓач со цел да има алтернатива за Хари Кејн.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со Тотенхем се поврзува напаѓачот на Торино, Андреа Белоти. Наводно, Тотенхем веќе ја испратил првата понуда до Торино за Белоти, но таа е одбиена.

Имено, лондонскиот клуб испратил понуда за позајмица со опција за откуп од 50 милиони евра. Меѓутоа како што тврди италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио ваквата понуда била одбиена.

Белоти има договор со Торино до 2022 година, има откупна клазула од 100 милиони евра која важи за клубовите надвор од Италија. Јасно е дека толкава сума за Белоти нема никој да плати, па горе-долу Торино држи се во своите раце.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…