Дома Фудбал Првпат после 13 години „супер агентот“ нема ниту еден играч на Реал

Првпат после 13 години „супер агентот“ нема ниту еден играч на Реал

За првпат после 2007 година Реал Мадрид во своите редови нема ниту еден играч кој го застапува моќниот португалски фудбалски менаџер, Жорге Мендеш.

Мендеш и понатаму може да се пофали дека меѓу клиентите има големи ѕвезди, но повеќе нема ниту еден играч кој го носи дресот на Реал Мадрид.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Последен играч на Мендеш кој беше дел од Реал Мадрид беше Хамес Родригез кој пред неколку дена премина во Евертон. Така се прекина и врската помеѓу Мендеш и Реал долга 13 години.

Се започна со Пепе кој од Порто пристигна во Реал за 30 милиони евра во 2007 година. Од тогаш Мендеш во Реал ги застапуваше: Гарај, Роналдо, Мурињо (тренер), Ди Марија, Карваљо, Коентрао, Фабињо и Хамес.

Според официјалните податоци во тие 13 години учествувал во трансфери на Реал вредни 484 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал нема да запре по потписот на Ѓокереш – познато кој ќе му „мести“ голови

Во финишот на јули оваа трансфер сезона, најавено е доаѓањето на Виктор Ѓокереш во Арсенал…