Дома Топ вести Реал е спремен да ја плаќа половина плата на Бејл, само да си замине

Реал е спремен да ја плаќа половина плата на Бејл, само да си замине

Мачниот и лош однос помеѓу Герет Бејл и Реал Мадрид наскоро може да го има својот крај.

Велшанецот има исклучително лош однос со тренерот Зинедин Зидан, кој сака да се ослободи од Велшанецот.

Шпанските медиуми пренесуваат дека 31-годишниот Велшанец сега е многу блиску од заминување од „Сантиаго Бернабеу“.

Зидан експлицитно побарал од раководството да се ослободи од Бејл бидејќи според него е „токсичен“ во соблекувалната и ја нарушува атмосферата во клубот.

Бејл има уште две години договор со „кралевите“, а клубот сега е спремен да му ја плаќа половина од платата само да си најде нов клуб и да замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…