Дома Трансфер зона Aдама Траоре понуден на Јувентус?

Aдама Траоре понуден на Јувентус?

Според информациите на сајтот „Калчомеркато“, менаџерот Жорге Мендеш го понудил Адама Траоре на Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло истакна дека сака неговиот тим да игра во формација 4-3-3 па Адама Траоре би можел да биде идеална аквизиција на „старата дама“.

Траоре во Јувентус би можел да пристигне како замена за Даглас Коста за кој се шпекулира дека може да го напушти Торино.

 „Калчомеркато“ тврди дека Мендеш кој има одлични врски со Јувентус го понудил Траоре како решение.

Сепак, ако Јувентус се реши да влезе во преговори Троаре неговата цена нема да биде мала. Според информациите Вулверхемптон за неговите услуги бара цели 70 милиони евра.

Тие средства Јувентус би можел да ги собере со продажбата на Даглас Коста и Бернардески сепак прашање е дали во Торино ќе бидат заинтересирани да издвојат толкава сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…