Дома Македонски спорт Македонија У21: Здравковски и Младеновски сигурно не играат неизвесен и Руфати

Македонија У21: Здравковски и Младеновски сигурно не играат неизвесен и Руфати

Репрезентацијата од 21 година отпатува за Фарски Острови каде што утре од 15:00 часот ќе игра натпревар против Фарски Острови во рамките од 6. коло во квалификациската група за пласман на ЕП.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За утрешниот натпревар селекторот Благоја Милевски нема да смета на Марио Младеновски кој не отпатува во Торшван. Причина за неговото отсуство е повредата, а неизвесен и уште еден дефанзивец, Агрон Руфати. Руфати заработи повреда во дуелот против Шпанија во Скопје. Натпреварот сигурно ќе го пропушти капитенот Давор Здравковски поради жолти картони.

„Се соочуваме со одредени проблеми поради повреди на некои фудбалери, но тоа е нешто што мораме да го прифатиме. Овој дуел ќе биде сосема поразличен во однос на натпреварот со Шпанија, но и нова можност за играчите да го потврдат својот квалитет и потенцијал. Покажавме дека можеме да се спротивставиме на најдобрите и тоа ни дава за право сеуште да веруваме во добар пласман во групата. Сега ситуацијата е поинаква, противникот иста така, но останува обврската да одиграме најдобро што можеме и секако да се однесуваме дисциплинирано и професионално во играта и нашиот однос. Верувам во фудбалерите и се надевам на многу позитивни работи на утрешниот натпревар“, изјави Благоја Милевски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…