Првиот голман на македонската репрезентација, Столе Димитриевски ќе го пропушти утрешниот натпревар против Ерменија поради позитивен тест на коронавирус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тестот на Димитриевски му беше направен пред тргањето на собирот со репрезентацијата, а неколку дена подоцна тој е негативен на Ковид-19.
Денешниот тест на Димитриевски бил негативен па затоа тој ќе може да продолжи нормално да тренира со Рајо Ваљекано и ќе конкурира за првиот натпревар во лигата, против Мајорка на 13-ти септември.
Ќе потсетиме на местото на Димитриевски во репрезентацијата повик доби Мартин Богатинов. Селекторот Игор Ангеловски на денешната прес-конференција потенцираше дека сите тројца (Шишковски, Илиев и Богатинов) конурираат да застанат на голот против Ерменија.