Тренерот на Вардар Стевче Алушовски го избра тимот за полуфиналето во СЕХА лигата против Загреб кое се игра вечерва со почеток од 20:30 часот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Алушовски се реши за првпат во составот на Вардар да биде Французинот Робин Категрел кој доби предност пред младиот Марко Кизиќ. Кантегрел не беше во тимот во реваншот против Нексе, а сега веројатно ќе биде резервна опција на Борко Ристовски.
Од поширокиот список отпадна и пивотот Гашовски. На таа позиција бидејќи е отустен капитенот Стоилов Алушовски ќе ги има Валчак и Калараш.
СОСТАВОТ НА ВАРДАР:
Ристовски, Кантегрел, Валчак, Јагуриновски, Димитриоски, Георгиевски, Дисингер, Јотиќ, Калараш, Гаџа, Чупиќ, Талески, Дибиров, Вујин, Векиќ, Мишевски.