Дома Трансфер зона Се е завршено: Објавени деталите од трансферот на Коларов во Интер

Се е завршено: Објавени деталите од трансферот на Коларов во Интер

Tрансферот на Александар Коларов од Рома во Интер е завршена работа и не се доведува во прашање и се чека само официјална потврда.

Коларов веќе некое време е во кампот на репрезентацијата на Србија и се спрема за натпреварите со Русија и Турција. Од Италија пристигнуваат информации дека потписот со Интер ќе го стави по завршувањето на овој круг од Лигата на нации, а тоа е во понеделник.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите веќе пишуваат и за деталите од трансферот. Коларов ќе добие договор на една година, со опција да се продолжи на уште една. Рома ќе добие оштета од еден милион евра што е двојно помалку од сумата која на почетокот се споменуваше. Кога во прашање е платата на Коларов тој ќе добие 3.5 милиони евра за една година, истата сума ќе ја добие и ако договорот се продолжи.

Ќе потсетиме, покрај Коларов и Артуро Видал е пред потпис со тимот на Антонио Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…